Вицепремиерот Артан Груби вели дека се подготвени да се откажат од привремената влада и од премиер Албанец и нивните мандати само за да се изгласаат уставните измени.
- ДУИ го отвора патот на опозицијата да гласа за уставните измени, а тоа е во полза на интеграциите на Македонија во Европската Унија, вели Груби.
Министрите на ДУИ поднесоа оставка кои би важеле од моментот кога ќе бидат изгласани уставните измени, иако ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да прифати такво нешто.