Ќе се најде ли јунак да ја затвори коњушницава покрај кејот? (фото)

Присуство на коњи на јавните површини и движењето на коњски коли низ скопските улици станаа наше секојдневие. Изнемоштени коњи препуштени сами на себе е честа е сликата низ градските улици, а тоа само укажува дека се работи за сериозен проблем, со кој надлежните институции треба да се позанимаваат ако не сакаме да има и последици и по нечиј животот.

-Стотици луѓе поминуваат со велосипеди за на работа наутро и од работа попладне по велосипедската патека на кеј, рекреативно возат велосипеди, трчаат или шетаат. А и тони коњски измет насекаде. Ќе се најде ли јунак да ја затвори коњушницава на отворено?прашуваат  револтираните скопјани.

Движењето на коњските коли низ центарот на градот, пак, според возачите е исто толку опасно, бидејќи е и причина за метеж и бројни сообраќајни незгоди.

- Во многу населби можат да се видат коњи оставени слободно да пасат по парковите и зелените површини. Чудно е што инспекцијата не ги отстранува овие животни, ниту пак, слушнавме дека некој е казнет. Треба точно да се знае каде нивните сопственици може да ги пуштаат, а каде не. Срамота е во главниот град на државата коњи слободно да шетаат насекаде, а коњските коли да се возат пред Собрание и Владата и никој да не реагира. Од друга страна, нивното движење по улиците во самиот центар на градот каде има сообраќаен метеж е посебно опасно за останатите учесници на сообраќајот, велат  скопјани.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата овој прекршок го квалификува како „постапување спротивно на сообраќаен знак“ и предвидува глоба од 45 евра. Доколку сопственик на запрега се затекне на самото место од страна на полициски службеник, се преземаат соодветни мерки – велат од СВР-Скопје.


Иако надлежните од МВР ги опоменуваат и казнуваат управувачите на запрежни коли, тие велат дека и натаму се појавуваат на улиците. На полицајците навистина им е тешко да се справат во ваквите случаи, затоа што најчесто управувачите на запрежните коли немаат никаква легитимација.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам