Ќе му се суди на тренерот по џудо кој злоставувал малолетнички

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело  по  член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член  189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година,  во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Според обвинението,  три малолетни девојчиња биле обљубени од април до ноември лани, во Прилеп но и на други места. Од Македонската џудо федерација вчера соопштија дека на осомничениот му била одземена тренерската лиценца уште лани и бил исфрлен од федерацијата поради малверзации.

Поранешниот тренер по џудо тврдеше дека е невин.