Кил победи во Скопје, но Вардар оди да ја брани титулата во Келн

Вардар повторно ќе има шанса да ја брани титулата во Лигата на шампионите откако се избори за нов пласман на завршниот Ф4 турнир во Келн. Вечерва „црвено-црните“ во реванш мечот од 1/4 финалет загубија од Кил со 27-28, но тоа не влијаеше на конечниот епилог.

Одлична игра покажаа црвено-црните во својот Јане Сандански, иако на стартот имаше негатива од 3:0, па го отвори резултатот дури во 6. минута.

Подоцна во текот на мечот, Вардар несомнено покажа доминација, па неколку пати имаа преднос од 4 погодоци, кои сепак во финишот беа загрозени, барем на хартија.

Арпад Штербик во редовите на составот на Гонзалес запиша 16 интервенции,додека Борозан 6 погодоци со што беше најпрецизен во нашиот состав, на спротивната страна пак, Винчек и Зарабец запишаа по 6 погодоци.