Кампања на ПОЦ – Центар не е паркинг

Јавното претпријатие паркинзи на општина Центар почнува нова едукативна кампања под слоганот „Центар не е паркинг!" со цел да се подигне свеста на граѓаните за последиците од прекумерното користење на возила.

Подготвени се 4 емотивни видео пораки пренесени од деца од различна возраст кои апелираат до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу за тие да живеат во здрава и чиста животна средина.