Какво време не очекува денес?

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло се вели во известувањето на Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР). Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура е ќе биде 1 степен додека максималната 18 степени

Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец со температури од 8 до 18 степени

Во текот на работнава седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во западните и јужните делови. Од утре до петок ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.