Каква мајка сте, според вашиот хороскопски знак?

Се прашувате каква мајка сте? Хороскопот има влијание на тоа.

Овен

Мајката родена во овој знак е присутна на сите важни настани на своето дете, извикувајќи го неговото име и бодрејќи го секогаш. Ова е мајка која постојана наоѓа нови работи за своето дете, а потоа го губи интересот по неколку дена.

Бик

Мајката Бик е онаа која им дозволува на децата да ги прескокнат тешките часови на училиште и која им подготввува кул појадок додека се дома. Таа мајка е интровертна и со задоволство ќе го помине викендот дома гледајќи филмови или играјќи игри со своите деца.

Близнаци

Оваа мајка е онаа која ги знае сите гласини во маалото. Таа е одлична пријателка со сите други мајки и постојано се дружи со нив. Таа е одлична пријателка со другарите на своите деца.  Мајката родена во знакот Близнаци е мајка со која не сакате да си играте.

Рак

Оваа мајка е многу грижлива мајка. Таа плаче кога нејзините деца плачат и се смее кога тие се смејат. Оваа мајка е многу ориентирана кон семејството и најтешко и е кога нејзините деца ќе одлучат да го напуштат домот.

Лав

Оваа мајка е онаа која ги подготвува најдобрите родендени за своите деца. Таа е кул мајка која е забавна и интересна за сите – за другите мајки, но и другите деца. Постојано е во движење и е обожавана каде и да се појави. Секако, постојано ги фали своите деца, каде и да отиде.

Девица

Девицата е мајка која сака нејзините деца да бидат совршени. Ги учи да даваат се од себе и често ги прекорува кога не го даваат најдоброто. Но, оваа мајка е најдобриот пријател кој можете да го имате меѓу родителите, секогаш е тука за да ги ислуша своите деца и да им даде одличен совет.

Вага

Оваа мајка има богат социјален живот, но секогаш е тука за своите деца. Таа е онаа мајка која во супермаркет многу лесно ќе започне муабет со друга мајка и која има одличен кул стил, кој другите мајки го обожаваат.

Шкорпија

Мајката родена во овој знак е онаа која ќе ја најдете со чаша вино во петок навечер. Таа е конзервативна и  моќна жена, која е една од најдобрите мајки во хороскопот. Таа највеќе се грижи за своите деца и сопругот и воопшто не сака да троши време на социјализирање и докажување пред другите.

Стрелец

Оваа мајка е многу спонтана. Таа ги пречекува своите деца од училиште со купени карти за кино или пак за некое патување за викендот. Оваа мајка има патувано на многу места и секогаш носи сувенири за своите деца од местата кои ги посетила.

Јарец

Мајката Јарец има стил и најчесто е богата жена со убав автомобил, која се облекува во силни бои и скапи чевли. Оваа мајка се труди да изгради силни вредности и манири кај своите деца. Уште од мали ќе ги испраќа на курсеви за странски јазици и ќе се потруди да ја внесе животната мудрост кај нив.

Водолија

Оваа мајка е неконвенционална жена која сака да се шегува со своите деца. Таа изгледа како никогаш да не старее. Таа е мајка која раскажува приказни за вонземајни пред спиење.

Риби

Оваа мајка има младешки дух и е секогаш тука за своите деца. Таа има своја градина со цвеќиња и органски зеленчук и се труди на децата да им ја пренесе љубовта кон природата и животните.