Како завшува летото, многу Македонци неколку дена бегаат од работните обврски, од градскиот метеж и спас бараат на планина

Кога се наближува летото обично секој прави планови каде ќе оди на одмор, дали тоа ќе биде море или езеро, дали некоја поблиска или подалечна дестинацја, но ретко кој планира во шпицот на сезоната да замине некаде на планина.

Како завшува летото, многу Македонци неколку дена бегаат од работните обврски, од градскиот метеж и спас бараат на планина. Се повеќе станува акатуелно, после летниот одмор на плажа, некој ден одмор да се искористи и на планина на чист воздух.

Македонија е богата со многу планини и места кои се вредни да се посетат. Берово, Пехчево, Маврово, Пелистер, Кожув, се само мал дел од местата каде Македонците уживаат и се одмараат.

Во разговор со многу луѓе, кои ги споделуваат своите приказни, велат дека многу повеќе ги полнат своите батерии кога се на планина, отколку на море. На планина нема гужви, нема луѓе, нема викање, нема музика. Таму има само мир и чист воздух.

Многу хотели се изградија на планинските туристички места, но има и приватно сместување за ниска цена.