Како личните карти со старото име ќе важат за избори? - Граѓаните веќе немаат каде од револтот за новите лични документи

Менувањето на лични документи со новото име „Северна  Република Макеоднија“ и натаму тема број еден во јавноста. Навалица во пиунктовите на МВР, граѓаните побрзаа да ги променат своите лични карти, патни исправи и возачки дозволи до 12. февруари, за кога беше најавен рокот до кога ќе важат старите документи. 

Деновиве има најави дека овој рок можно е да биде пролонгиран до септември. 

Бурни реакции, критики и негодувања на социјалните мрежи од страна на револтираните граѓани на сметка на државата и МВР. 

- Во која друга држава се менува важечки документ пред да истечи рокот, ако не е оштетен или нема промена во инфото на сопственикот? На терет на сопственикот? - праша еден видно револтиран граѓанин. 

Проблем е што и во 2021 година се издавале лични документи со старото име, иако државата во 2020 година упати апел до граѓаните да ги сменат личните документи со новото име. 

- И пасоши кои се вадени во 2021 година се со Р.Македонија и мора да се менуваат повторно. Оти не се кадарни ни тендер за документација на време да организираат, вели една граѓанка. 

- Народот не е крив, поради тоа што издавале документи со старото име за да ги потрошат. И не треба народот да води сметка за како тоа ќе се одвива, туку државата. Освен што не треба да се на терет на граѓаните кои имаат важечки документи, зошто да не ги издаваат важечките со ниво име? Имаат податоци, слика и отпечатоци, можат само да испечатат нови. Ама не се способни. Ако ги вадиш трите документи треба три пати да се сликаш, потпишуваш и даваш отпечатоци, како да не ги имаат податоците во систем. Исто интересно како ќе важеле личните карти за избори само, а возачките и пасошите не (дека не ни требаат за да гласаме, нели), оценува една скопјанка. 

- Ова е најголемо понижување што една држава може да го направи на сопствените граѓани. Оној што го смислил и реализира ова на ваков начин, треба самиот да си поднесе оставка, во најмала рака. Но, ова понижување заслужува и граѓанска непослушност, вели друга граѓанка. 

Има и такви кои вината ја лоцираат кај граѓаните кои го чекале последниот момент, а сега се жалат на гужви. 

- Државата уште од 2020 година: Народе, имате 3 и кусур години да си ги сменете пасошите. Поминуваат 3 години, 80% од народот аплицира во последните 2-3 месеца. Настанува сеопшт хаос, вели Душан Стојчев, инфлуенсер. 

- Се знаеше уште од Преспа во 2018 дека пасоши и лични карти мора да се заменат до март 2024, се надоврзува на неговиот став друг граѓанин.