Граѓаните против д-р Петличковски: Скапа храна, скапо лекување, стресна сиромаштија!

„Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје“ – оваа изјава на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски ги разгневи граѓаните.

-Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, рече тој во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19.

Граѓаните возвратија – Се разбира народот е виновен, системот во никој случај! Ниту може, ниту треба да се прави споредба со Словенија, му порачаа тие. 

Еве што велат граѓаните на оваа тема:

-Скапо е да се одржува сопственото здравје незапоставено. Скапа храна, скапо лекување, евтин е само човечкиот живот кога ќе биде препуштен во неумесни докторски раце, со чест на исклучоците кои спасуваат животи!

-Нема чист воздух, вода, почва, има недостаток на континуирано образование за сопственото здравје, лош здравствен систем, сиромаштијата која креира преголем стрес и запуштено здравје... на кратко!, вели една граѓанка.

-Запоставеното здравје се должи на: - неможноста да одиме на време на доктор, бидејќу нема термини. - неможноста да направиме ехо, КТ, МР, мамографија на време затоа што нема термини - неможноста да одиме на контролана време затоа што нема термини... апоставеното здравје е поради запоставениот и застарен здравствен систем, кој патем 30 години е ист!

-Ппациентите ви починаа од лекарска негрижа и немање на протокол за лекување (секоја клиника своја политика), оставени две сестри со пациентите, сиромашните незнаат што да прават, а доктор ни за лек па мора и него да го покриваат да не речам да лажат дека е тука (демек на работа). ПЦР, крвна слика, снимање на приватно бидејќи нема термин. Срамота и жално!, вели револтиран граѓанин.

-Запоставено здравје е и сиромаштијата... имунитетот кај повеќето е на најниско ниво...цени оган изгор...овошје скапо, зеленчук скап...месото прескапо, млечните производи исто, витамините во аптеките недопирливи и што преостанува...зелка, компир, кромид, зимница...тешко претешко за многу фамилии..., констатира друг.

-Со стандардот што го имаме и цените на квалитетните лекови и здравствени услуги кои ги немаме, какво здравје можеме да имаме, ако не запоставено. Добро е што и до толку сме здрави, смета еден наш читател.

-А можи на немањето услови во болниците, купените дипломи, партиските вработувања, повеќедецениската негрижа за болниците, и на крај скапото лекување и евтиниот човечки живот, вели една граѓанка.