Каде треба да живеете, според вашиот хороскопски знак?

Вашиот хороскопски знак има огромно влијание на вашите карактеристики како личност. Тоа пак влијае и на местото кое треба да го изберете за живеење.

Овен (21 март – 19 април)

Кејп Таун, Јужна Африка

Вие сте живи, енергични и уникатни личности. Потребно ви е место каде ќе можете да ја реализирате својата енергија, а уникатноста која ја нуди овој град е одлична за вас. Тоа е мал град, но со огромна активност и поврзаност. Во него има милион нешта кои можете да ги правите, и никогаш нема да ви е досадно. Тој има урбан градски лик, плажи, но и планини.

Бик (20 април – 20 мај)

Калгари, Алберта

Биковите се многу приземјени личности. Тие се поврзани со природата и за нив најважен е душевниот мир кој можат да го најдат во неа. Убавината е исто така важна за нив. Калгари е одличен избор за Биковите. Тие ќе се вљубат во планините, смиреноста на овој град и зеленилото.

Близнаци  ( 21 мај – 20 јуни)

Њујорк

Голем дел од луѓето сакаат да го посетат овој град, но не секој би можел да се носи со неговата големина и врева. Њујорк е совршен град за Близнаците. Ним им е потребна средина со бесконечни можности, која нема да ги ограничува и која ќе направи секогаш да им е забавно. Освен тоа, овој град е одличен за нивниот карактер и фактот дека се социјални пеперутки кои сакаат да се однесуваат како да се суперѕведи.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Амстердам, Холандија

Раковите сакаат смирени места кои делуваат како нивен дом. Тие имаат високи стандарди за локацијата која ќе ја изберат за живеење, за нив тоа место треба да носи убаво чувство. Креативноста на Амстердам е одлична за нив. Покрај тоа, водата е одлична за да ги прави среќни постојано.

Лав (23 јули – 22 август)

Дубаи, ОАЕ

На Лавовите им е потребен град каде ќе можат да го исполнат совето его. Дубаи е одличен град за тоа – луксузен и скап, со богат ноќен живот и хотели со 5 ѕвезди. Во овој град никогаш не е досадно.

Девица (23 август – 22 септември)

Лондон, Англија

Девиците се познати по својата потрага за совршенсто, но и својата затворена природа. Овој знак има интересна, саркастична смисла за хумор. За нив, Лондон е место каде можат да ја комбинираат својата постојана работливост, смисла за хумор, но и потреба да најдат совршена сродна душа.

Вага (23 септември  - 22 октомври)

Рим, Италија

Вагите се мирни и хармонични личности кои се опседнати со убавина, уметност и луксуз. Рим е совршен град за нив. Таму можат да стекнат ново знаење и да запознаат култура која им е многу важна на Вагите.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)

Париз, Франција

Шкорпиите се интензивен знак кој често го менува своето расположение. За разлика од другите, ним не им пречи дождот. Место како Париз е совршено за нивната мистериозност, но и силна сексуалност и романтична природа.

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

Рио де Жанеиро, Бразил

Стрелците обожаваат да патуваат. Тие лесно можат да најдат дом во различни делови од светот, но Рио е совршено место за нив. Тој има силна историја, култура, религија, но и животен стил кој им одговара на Стрелците. Освен тоа е окружен со неверојатно убав океан, што сигурно ќе им се допаѓа на родените во овој знак.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

Дрезден, Германија

Љубовта кон природата  е дел од карактерот на секој Јарец. Ним им е потребно тивко, но убаво место кое ќе им понуди простор да се фокусираат на сите проекти и работа која треба да ја завршат. Освен тоа, родените во овој знак сакаат историја и затоа Дрезден е одличен избор. Германија е многу студена држава, но нели такви се и Јарците?

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

Хавана, Куба

Шарената Куба е одлична за дивиот и авантуристички дух на Водолиите. Тука постојат милион можности за нив. Хавана е место кое на драго срце, Водолиите би го нарекле свој дом.

Риби (19 февруари – 20 март)

Маракеш, Мароко

Рибите се интуитивни и креативни личности, а Маракеш нуди многу можности за изразување на нивната креативност. Ова е град каде тие постојано можат да најдат инспирација околу себе. Освен тоа, водата е блиску до нив.