ЈСП нема обезбедена зимска опрема за автобусите - возачите загрижени и за својата и за безбедноста на патниците

Веќе два дена без престан вее снег во Скопје, а автобусите на ЈСП возат со летни гуми. Возачите се загрижени се повеќе за својата и за безбедноста на патниците.

Дури и земаат одмори за да не возат во овие зимски услови кога ЈСП нема обезбедена зимска опрема за автобусите.

Освен што возат со летни гуми, дури и парното на повеќето автобуси не функционира, а мајсторите не можат да постигнат да ги поправат, бидејќи и тие немаат услови и соодветни алати за поправање, велат извори од ЈСП.

Незадоволството освен кај револтираните граѓани кои што чекаат дури и 40-тина минути автобус кој е најчеста линија како 5-ка, 15-ка, се јавува и кај вработените. Тие дури и се повеќе се разочарани од претпријатието, и бараат работа по други фирми и по други држави.