Јакимовски: Општина Карпош ќе добие нов затворен базен

Премиерот Димитар Ковачевски и градоначлникот на Карпош, Стевче Јакимовски денеска заедно излегоа на терен и извршија  увид во отпочнување со градежните  работи за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош.

Како што најави градоначалникот, базенот ќе биде до спортска сала „Наум Наумовски – Борче“, во општина Карпош на улицата „Љубљанска“ ББ, во близина на трговскиот центар Сити Мол.