Известување за прекини во водоснабдувањето

Поради уличен дефект на водоводот на ул. „Ѓорѓи Капчев“ 33/1, без вода денеска од 9.15 часот се корисниците од 31 и 33, а прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата, соопшти Дежурно-информативниот центар  на ЈП Водовод и канализација.

Од јавното претпријатие известуваат и за прекин во водоснабдувањето за корисниците од ул. „Решат Џафери“ поради уличен дефект на  ул.„Oрден Чопела“ 12. Прекинот е денеска од 9.20 часот до отстранување на дефектот.