ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „ВМРО“, поточно потрошувачите во околината на зградата на Агротехна, во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во електро-мрежата.

Без струја од 06:15 до 15:30 часот ќе бидат и корисниците од дел од улиците „Благоја Стевковски“, „Анри Барбис“, „Карл Либкнехт“ и „Карл Хрон“, во општина Гази Баба.

Од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик и објектите на патот за Бунарџик, во општина Илинден.

Без струја од 08:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците од дел од улица „Марко Орешковиќ“, во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од улица „Че Гевара“, во општина Шуто Оризари.

Без струја од 09:00 до 11:00 часот утре ќе бидат корисниците од дел од улиците „Нобелова“, „Виенска“ и „Варшавска“, додека од 12:00 до 14:30 часот корисниците од дел од „Париска“ од број 15 до број 21, во општина Карпош.