Изведувач во скопско Пржино се сили „Сите ќе ве купам“

Жител на скопско Пржино, во Кисела Вода, на својот фејсбук профил сведочи за силењето на извесен изведувач кој работи без правосилна градежна дозвола. 

-Извесниот „изведувач“, имено, се закани дека сите ќе не купел. „Сите ќе ве купам“, ни рече и ќе си ги паркирам колите каде сакам. Сето ова пред очите на коректните полицајци кои беа викнати да преземат нешто затоа што неговите камиони, миксери, бетоњерки по цел ден (и после работно време) блокираат слепа уличка широка 3 метри, без тротоари во која живеат стари лица и мали деца. На само 100 метри од градинката 8ми Март, раскажува В.Н.

-Е баш да видам дали ќе не купи сите. Или ќе проработи стариот Пржински и Водњански пркос, сплотеност и желба за правда. Особено што неговата „градежна дозвола“ не е правосилна. Градоначалникот го држиме за збор. Досега го исполнува дадениот збор, вели овој скопјанец во својата објава на фејсбук.