Измамник „печалел“ лажејќи странски компании дека нивни вработени загинале или се повредени

Тетовец на возраст од 44 години е пријавен дека сторил кривично дело измама, во договор со уште едно лице од скопско, со цел да се стекнат со пари. 

Од ноември до втората половина на јануари, Р.М. (44) од Тетово телефонски се јавувал во компании во Бугарија, Србија, Албанија и Косово, претставувајќи се лажно како бизнисмен од Турција. Тој им соопштувал дека нивни вработени, најчесто управувачи на службени возила, загинале или се тешко повредени во сообраќајки и барал пари за погреб, односно лекување. 

Притоа, противправно се стекнал со околу 9.000 евра, кои преку филијали ги подигнувал С.Ш. (45) од Скопско, кој пак задржувал 50-100 евра за услугата, а другите му ги предавал на Р.М., се наведува во информацијата на МВР.