Изберете луѓе кои ви носат магија во вашиот живот

Поминуваме многу време, обидувајќи се да добиеме одговор на многу прашања, да ја најдеме среќата. Ја бараме вистинската личност, најдобрата работа, се прашуваме што ни носи иднина и постојано се навраќаме назад кон нашето минато.

Постојано се чувствуваме изгубени и очајно се трудиме да најдеме нешто во овој хаос т.н. живот.

Но, понекогаш не е во тоа да се најде некој кој ќе ве направи целосни, кој  ќе биде сè она што сте сонувале, кој ќе ги реши сите ваши проблеми или сите сложувалки во вашата глава. Понекогаш, целта е да се најде личност која во целиот хаос ќе направи да се сакате себеси и да го сакате животот кој го живеете.

Таа личност е онаа која ви помага да ја изградите својата основа, која ги менува работите кои ги знаете за љубовта, животот и пријателствата, која ви дава нова перспектива и со која животот е навистина чудесен. Таа личност не може да направи да се чувствувате целосни,ниту пак да ви даде одговор на вашите прашања. Но, таа личност е доволно посебна да ви го смени животот.

Затоа, не прифаќајте обични луѓе, кои не прават да се чувствувате лудо, силно и исполнето. Не го трошете време на оние кои не можат да направат да се смеете, ниту пак да плачете, кои не го ценат вашето време и кои не прават да се чувствувате живи.

Најдете личност која носи страст во води, која ве тера да се смеете и да бидете фасцинантни. Бидејќи и таа личност е фасцинантна,  таа ќе сака да открие што се крие позади вашата насмевка и позади вашите негативни мисли и ќе биде до вас, кога и да ви биде потребна. Таа личност ќе ви помогне да верувате во себе, во тоа што сте и да го видите својот потенцијал. Ќе ја сака вашата убавина, но многу повеќе ќе ја цени вредноста на вашето срце.

Тоа е некој кој носи светлина и убавина во вашиот живот, сила во вашите мускули, возбуда во вашето срце и магија во вашите вени.

Понекогаш тие ќе бидат вашата љубов, понекогаш вашиот најдобар пријател. Но, потрудете се да најдете таква личност за себе.