Итна медицинска помош со вклучени флешери заглавена во скопските блокади

Една од многуте - итна медицинска помош со вклучени флешери заглавена во скопските блокади.

Ова го потенцира еден граѓанн кој објави и фотографија. 

-Никогаш не поддржувам сообраќајни блокади како начин на протест. Затоа што тогаш твоето право на протест крши стотици права на илјадници луѓе. Секој си води своја животна битка и многу е себично да мислиш дека твојот проблем е единствен и најголем на светот. И тоа ,,ќе ги пропуштаме сите итни случаи" никогаш не функционира, оти амбулантните возила заглавуваат во километарски колони од кои не можат да мрднат за да дојдат до вас и да ви кажат да ги пропуштите. Скопје не е Берлин да има сто пристапи до 20 клинички центри. Еден центар е за цела држава. Се надевам денеска никој нема да плати со живот во амбулантно комбе кое стои во место, напиша тој во својата објава на социјалните мрежи.