Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Истите лица кои стојат зад убиството на 14-годишната Вања по која со денови трагаше целата држава, се осомничени и за убиство на велешкиот фризер, Панче Жежовски, кој беше пријавен за исчезнат од 24 ноември.

Во скопско Бразда во средата беше пронајден опожарен автомобилот од марката „цитроен“ за кој беше утврдено дека му припаѓа на 74-годишниот велешанец, а денес МВР и Обвинителството објавија дека неговото безживотно тело било најдено во околината на Велес.

Осомничени за двата случаи се пет лица, од кои за три се бара притвор, едно е надвор од државата, а петтото е во полициска станица. Од спроведените истражни дејствија утврдено е мотивот за двете убиства бил користољубие, објави вечерва Обвинителството.