Искршил инвентар во продавница во Карпош и украл пари - Скопјанец „дивеел“ на местото каде била вработена неговата сопруга

Скопјанец дивеел на работното место на својата сопруга каде кршел и украл дел од парите од дневниот промет. 

- На 24.03.2024 во 09.00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(42) од Скопје поради тоа што на 23.03.2024 на подрачјето на Карпош и упатувал закани на неговата 38-годишна сопруга и насилно влегол во продажно место каде работела, каде скршил дел од инвентарот, а потоа го одзел дневниот промет од касата, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.