Искористете го сонцето - есенски викенд за прошетка на планина

Уште еден убав, сончев, есенски викенд. Искористете ги деновите максимално за прошетка на планина и за дишење на чист воздух. 

Планинскиот воздух е од голема корист за луѓе кои се под постојан притисок од работата, под стрес кој треба некако да се ослободи. Чистиот воздух и високото ниво на кислород го подобруваат имунитетот и ја зголемуваат енергијата.

Луѓето кои се љубители на ваквиот начин на туризам велат дека тоа е најдобрата антистрес терапија која може еден човек да ја добие.

Некои истражувања тврдат дека животот на планина, пак, го продолжува векот на живеење.

Скопска Црна Гора, Берово, Маврово, Попова Шапка, Белистер или пак планината Китка, изборот е ваш. Ќе се наполните со позитивна енергија која ќе ви биде потребна за наредните денови. Ќе уживате во природната убавина, ќе вкусите разни специјалитети, а пред се ќе се одморите. Дозволето му го тоа на вашиот организам и на вашите најмили. Одделете време за себе.