Инциденти во Драчево - едно лице е тешко повредено во тепачка, се „рушело“ и во угостителски објект

Два инцидента во новата година во скопско Драчево. 

На 01.01.2024 во 09.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(40) од Скопје, поради тоа што истиот ден со метален предмет физички го нападнал Д.Г.(26) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Во друг случај, имало инцидент во угостителски објект. 

Денеска (02.01.2024) во 01.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Т.(28) од с.Долно Количани, скопско, поради тоа што претходно во угостителски објект на подрачјето на Драчево, тој и неговиот брат Е.Т. физички ги нападнале Б.И.(39) од Скопје и П.Б., а исто така им се заканиле и со остар предмет, по што оштетиле дел од инвентарот во објектот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.