Игор Џамбазов итно хоспитализиран

Шоуменот Игор Џамбазов во петокот бил итно однесен во болница.

Џамбазов, наводно е хоспитализиран затоа што влошила здравствената состојба, пишува „Вечер“. Веста ја потврдил негов близок пријател кој не открил за што точно станува збор.

Актерот и еден од најдобрите телевизиски шоумени во земјата требаше да одржи концерт пред крајот на годината, но и тој е одложен за февруари следната година

Познатиот македонски шоумен во јуни 2016 година беше пренеен поради срцева слабост во кардиолошката болница кај Жан Митрев. Една година претходно на Џамбазов му беа ставени стентови поради проблем со срцето.