Идната голманка на Вардар ѝ го подари медалот на својата девојка?!

Мајса Песоа, која ги брани боите на ЧСМ Букурешт, кој воедно ја освои женската Лига на шампиони ѝ го подари медалот на својата девојка. Песоа одигра клучна улога против нашиот претставник, екипата на ЖРК Вардар, во изведувањето на седмерци во финалето на елитното натпреварување, со што романките прв пат во историјата го освоија престижниот наслов, Шампиони на Европа.

Бразилката инаку, од наредната сезона ќе игра токму за екипата на Вардар. По победата над црвено-црните, започна славјето а Песоа ја прослави титулата бакнувајќи ја својата девојка и подарувајќи ѝ го медалот.

cheap nike free run 5.0