И се заканил и го одзел дневниот промет - кражба во спортска обложувалница во Скопје

На вработена во спортска обложувалница во Скопје и биле одземени парите од дневниот промет по закана од едно лице кое влегло во обложувалницата. 

Од МВР соопштија дека настанот бил пријавен вчера (19.09.22) во 21.58 часот, а кражбата била во обложувалница на улица „Лазар Трповски“, во Скопје. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.