И легендарниот Швајнштајгер воодушевен од играта на Македонците

На вчерашната незаборавна победа на македонската репрезентација над германската, рамнодушен не остана ниту Бастијан Швајнштајгер. 

Репрезентацијата на Македонија постигна досега невиден резултат, покорувајќи ја, според многумина, непокорливата Германија, кога е во прашање фудбалот и квалификациите за првенство. 

Швајнштајгер на својот профил на Твитер изрази големо воодушевување за македонската репрезентација, која успеала да победи четирикратен шампион.   

„Почит за Северна Македонија. Еден несреќен пенал против нив, еден промашен и овие момци победија четирикратен светски шампион“, напиша тој.