И Чопер си ја најде среќата надвор од Македонија

Во нашата држава, ситуацијата со бездомните кучиња е безнадежна.

Постојано сме сведоци на напуштени кучињ и малтретирани кучиња, донации за лекување и хируршки интервенции. Но, деновиве сме сведоци на една поинаква приказна.

Пред неколку дена објавивме видео од група на млади луѓе кои летово престојувале во нашата држава, при што во куќата каде што биле секојдневно биле посетувани од бездомно куче, на кое тие му дале име Чопер. Тоа ги чекало секојдневно пред вратата. Тие редовно го хранеле, го вакцинирале и чипирале, но и ги извадиле сите потребни документи за за да го земат со себе. 

Во меѓувреме, тие се вратиле во Германија, решиле да купат возило и да ги завршат сите процедури за да можат да го однесат Чопер. Но, додека патувале кон Скопје, тој се изгуби во близината на Дајмонд Мол. 

Видеото имаше повеќе од 400.000 прегледи, а во меѓувреме сите се кренаа на нозе за да го најдат Чопер. По објавувањето на сторијата за Чопер на Мета.мк, во агенцијата се обратиле луѓе кои известиле дека Чопер е кај нив, во населбата Шуто Оризари. Според нивната изјава го нашле како талка по скопските улици и дека веќе неколку дена се грижат за него.

Ова е една убава приказна со среќен крај! Чопер утре патува за Германија. Му посакуваме среќа!