Хороскопот открива како ги бркате луѓето од својот живот

Хороскопот ги одредува карактеристиките на нашата личност, нашите добри и лоши страни, па така тој има одговор и зошто ги бркаме луѓето од својот живот.

Овен

Вие ги бркате луѓето кои ги сакате бидејќи се плашите од одговорност и делувате како никогаш да не мирувате.

Вие немате проблем со заљубувањето, секогаш ги сакате возбудата и енергијата кои ви ги носи секоја нова љубов. Сакате да ги контролирате работите и постојано да искусувате нешто ново. Но, бидејќи сте навикнати постојано нешто да се случува, потоа кога ништо не се случува, се чувствувате како да сте во кафез.

Бик

Вие ги туркате луѓето од себе бидејќи не им дозволувате да прават грешки.

Вие сакате силно и длабоко и тоа е еден од вашите најголеми квалитети. На многу начини, вие сте одличен партнер – топли сте, несебични и ги разбирате луѓето. Но, вашиот интензитет може да биде претеран. Не дозволувате никаква грешка, дури и тогаш кога ќе ви се извинат и се борите со тоа да ги разберете и да бидете флексибилни, но никогаш не ви успева.

Близнаци

Вие ги бркате луѓето од својот живот бидејќи често делува како да не знаете што сакате.

Одите наваму и натаму како постојано да барате нешто и делувате како да не знаете што сакате во љубовта и животот. Често, вашиот партнер сака да ве види смирени и решени дека го сакате токму него, но тоа ви е многу тешко.  Тоа е причината зошто луѓето си одат од вашиот живот, бидејќи никогаш не знаат „на што се“ во ваша близина.

Рак

Вие ги отфлате луѓето од својот живот, бидејќи постојано се обидувате да им кажете како се чувствувате.

Вашата силна смисла за интуиција и способност да ги разберете луѓето е одлична во пријателствата и врските, но тоа ви носи и многу проблеми во врските. Многу често, вие се обидувате да им кажете кога и како треба да се чувствуваат. Многу ретко правите обид да ги прашате како се чувствуваат и да ги прашате зошто се чувствуваат така и тешко ви е да разберете дека не можат да се чувствуваат исто како вас.

Лав

Вие ги бркате луѓето од својот живот, бидејќи постојано се обидувате да контролирате нешто што не можете да го контролирате.

 Вие сте навикнати нештата да бидат секогаш по ваше и верувате во себе. Но, многу ви е тешко да ја адаптирате ваквата навика во љубовта. Се соочувате со големи тешкотии да разберете дека љубовта не е нешто што можете да го контролирате или пак да го манипуларите паернерот. Иако вложувате многу голем напор во врските, сепак ги плашите своите партнери бидејќи се однесувате како да ви се потчинети.

Девица

Ги плашите луѓето бидејќи прво се плашите од самите себеси.

Кога ќе влезете во врска, вашиот мозок почнува да размислува и постојано да прави анализи зошто е лошо да се биде во врска и дали врската ќе пропадне. Без оглед на тоа колку вашиот партнер се обидува да ве поддржи и да придонесе врската да успее, вие постојано  размислувате за тоа што не е во ред.

Вага

Ги плашите бидејќи се однесувате како тие да треба да се натпреваруваат со сите други во вашиот живот.

Не постои ништо погрешно во тоа да се имаат многу пријатели околу себе постојано. Тоа е дел од вашиот живот. Но во одредени ситуации, вашиот партнер се чувствува како да мора постојано да се бори за вашето внимание и како да бара простор во вашиот живот.

Скорпија

Ги бркате луѓето од својот живот бидејќи се однесувате како да сакате да ја саботирате сопствената среќа.

Вие имате голем проблем да поверувате дека можете да бидете среќни со друга личност. И, наместо да се опуштите и да уживате во животот, вие се борите со сомнеж во себе, љубомора и постојана грижа за неважни нешта.

Стрелец

Ги бркате луѓето од себе, бидејќи сте многу пасивни во врската.

Да се биде лабав и позитивен постојано е една од најубавите карактеристики кои може една личност да ги има, но понекогаш сте толку пасивни во врската, така што другата страна мисли дека не ви значи воопшто. Вашиот партнер се плаши дека не ви значи доволно и тоа го тера да си замине од вашиот живот.

Јарец

Вие постојано го претпоставувате најлошото.

вие сте толку практични и фокусирани на сите нешта во животот, што е одлично за вашата кариера и цели, но понекогаш многу претерувате. Кога станува збор за љубовта, вашиот фаталистички став е многу токсичен за врската, што ги предизвикува оние околу вас да не видат поента зошто би се труделе околу вас.

Водолија

Вашата постојана потреба да се заштитите себеси ги плаши оние кои ве сакаат.

Вашетата затвореност знае да ги исплаши оние кои се во врска со вас. Вие сте биле повредени во минатото и иако сте ја надминале болката, сепак имате проблем да се отворите и опуштите повоторно. Полесно ви е да не се зближувате премногу и да држите растојание, но тоа ги тера другите да мислат дека сте студени и дека никогаш нема да се отворите.

Риби

Ги плашите луѓето на кои им значите претпоставувајќи дека нештата ќе успеат, без да разговарате за проблемите.

Вие немате проблем да остварите поврзаност со ниту една личност, но кога врската ќе отиде на подлабоко ниво, вие претерано идеализирате и станувате непрактични за вистинските проблеми кои настануваат како и во секоја врска. Вашата глава е во облаци и често не забележувате ништо.

nike air max 1 sale