Како и колку си одговараат Близнаците со другите знаци?
Photo by Joel Wyncott on Unsplash
Овен – 80%
Поврзаноста меѓу овие два знаци е голема. Тие се одлична комбинација, бидејќи се спонтани и ја сакаат авантурата. Кога се пријатели или се во врска, никогаш не им недостасуваат нови идеи за заеднички активности. Двата знаци се прилично интензивни, тие би можеле да прават грешки заедно, но и да шегуваат за тоа. Постои голема почит меѓу овие два знаци, но кога тие ќе влезат во кавга, работите би можеле да станат тешки и интензивни. Во сексот и љубовта постои огромна компатибилност поради страствената енергија од двете страни.
Бик – 20%
Оваа комбинација е сложена и може да донесе многу недоразбирања и компликации. Во некои ситуации, би можела да недостасува и нежност. Овие знаци функционираат подобро како пријатели, отколку како љубовници бидејќи во љубовта, постојано ќе внимаваат да не си згрешат еден со друг, поради различните карактери.
Близнаци – 85%
Поврзаноста меѓу двајца претставници на овој знак е огромна. Единствен проблем би можел да биде недостатокот на доверба еден кон друг. Но, пријателството или љубовната врска би функционирала одлично поради тоа што тие имаат исти верувања и вредности и секогаш ќе имаат интересни разговори. Освен тоа, секогаш ќе имаат исполнето време со интересни активности.
Рак – 15%
Оваа комбинација не е најдобра. За да функционираат, двете страни би требале да направат големи отстапки и компромиси. Ако тоа не се случи, недоразбирањата се неизбежни. Овие два знаци имаат различен морал, вредности и приоритети. Тие не го бараат истото во врската.
Лав – 85%
Близнаците и Лавовите се два знаци кои имаат огромна храброст во себе. Тие се одлично дуо кое може да победи во сè. Но, дали Близнаците би можеле да го прифатат тоа што Лавовите секогаш сакаат да се во центарот на вниманието? Дали Лавовите би можеле да ја прифатат двојната страна на карактерот на Близнаците? Тоа е предизвик.
Девица – 30%
Иако овие два знаци се адаптабилни и одлични комуникатори, сепак тие не си одговараат целосно. Поврзаноста би била одлична само ако е кратка, но Девиците некогаш би можеле да имаат тешкотии прифаќајќи ја нестабилноста и спонтаноста на Близнаците, а организираниот карактер на Девиците некогаш би можел да биде здодевен за Близнаците.
Вага – 75%
Ова се два воздушни знаци кои некогаш се плашат да зборуваат за своите чувства. Но, тие се речиси совршена комбинација еден за друг. Ова пријателство или љубовна врска секогаш ќе функционира одлично, а во случаите кога не е така, двете страни ќе се преправаат дека ништо не се случило.
Шкорпија – 10%
Компатибилноста меѓу овие два знаци е навистина мала и се однесува само на страста. Но, тоа не е она што може да одржи едно пријателство или љубовна врска. Шкорпиите сакаат искреност и тие постојано ги ставаат луѓето на тест, а Близнаците не можат да го поднесат таквото однесување. Од друга страна пак, Близнаците се лабави и спонтани, што е премногу за Шкорпиите. Постојат шанси ваквата врска или пријателство да функционира, но потребен е напор од двете страни.
Стрелец – 99%
Ова се спротивни знаци на тркалото на хороскопот, што би значело дека тие се прилично различни, но тоа не е така. Стрелците и Близнаците си одговараат совршено.
Јарец – 10%
Јарците и Близнаците речиси и не си одговараат воопшто. Тешко е било каков однос меѓу овие две страни да трае повеќе од неколку дена. Но, ако веќе тоа почне да функционира, потребна е искреност и јасностија во комуникација од двете страни.
Водолија – 95%
Секој од нас има сродна душа, а за Близнаците тоа се веројатно Водолиите. Оваа комбинација е речиси совршена, а вистинската љубов се формира веднаш при првата средба.
Риби – 5%
Близнаците и Рибите не си одговараат бидејќи Рибите се премногу чувствителни, што би можело да биде премногу за Близнаците кои се како пеперутки. Тие не си одговараат на ниту едно ниво, а ако ваквото пријателство или врска профункционираат, тоа би било вистинско чудо.