Гран-при за претставата „Автобус“ на фестивалот „Гола месечина“

Претставата „Автобус“ на бугарскиот театар „Алеко Константинов“ од Софија е добитник на Гран-при наградата за најдобра претстава на интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ кој изминатиот период се одржуваше во Општина Аеродром.

Наградата за најдобра режија потхумно му се доделува на Сулејман Купусовиќ за „Балкански шпион во Сараево“, во продукција на Народното позориште во Сараево. За најдобар актер е избран Павле Пекиќ, кој го глуми ликот на Елинг во истоимената претстава која е во продукција на Белградското драмско позориште, додека наградата за најдобра женска улога ја понесе Ејла Бајовиќ за ликот на Даница Чворовиќ во претставата „Балкански шпион во Сараево“. За наградите одлучуваше тричлено жири составено од Лилјана Мазова, Славен Видак и Димче Николовски.

Фестивалот се затвора вечерва со изведба на претставата „Нешто пропуштаме“ од театарот-организатор „Комедија“. 

air max 90 essential sale