Скопје вчера звучеше величенствено со звуците на Queen, a Градски парк никогаш не изгледал подобро.

Како на излет, фанови на легендарните британски рокери од сите генерации, седнати на трева, уживаа во безвременските хитови на „Квин“.

Овој концерт е втор во низата што се прикажуваат на отворено, а целата идеја е иницирана и реализирана од Град Скопје, Младинскиот културен центар и Македонската филхармонија.