Градот Скопје субвенционира 1.000 денари за чистење на оџаците - интересот е голем

Градот Скопје субвенционира 1.000 денари за секое домаќинство или фирма, кои ќе ги исчистат оџаците. Целта е да се намалат штетните емисии од нечистите оџаци, а од друга страна да се зголеми безбедноста бидејќи огромен дел од пожарите настануваат поради затнати оџаци.

Пари ќе може да добие секое домаќинство и фирма, кои ќе се јават на јавниот повик кој трае до 22 ноември. Освен пополнетата пријава, граѓаните ќе треба да достават и доказ дека оџакот е исчистен од страна на лиценциран оџачар, откако е објавен огласот. Од Градот информираат дека субвенциите ќе се исплатуваат сè додека не се исполни предвидениот буџет, а предност ќе имаат оние што први доставиле пријави.

Од Град Скопје велат дека интересот кај граѓаните е висок. 

За оваа мерка Градот Скопје има предвидено 2 милиони денари и апелира го сите заинтересирани субјекти да аплицираат за субвенции за чистење на оџаците.