Скопјани нема да останат без јавен превоз по Нова Година

Советниците во Град Скопје синоќа на вонредна седница изгласаа ЈСП Скопје да добие субвенции, а тоа значи дека скопјани нема да останат без јавен превоз по Нова Година, иако претходно постоеше таква закана.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на редовната седница кажаа дека нема да го поддржат овој предлог затоа што сумата (12 милиони евра) била голема, додека советниците на СДСМ кажаа дека ќе гласаат воздржано бидејќи градоначалничката Данела Арсовска и ЈСП не им одговарале на поставените прашања.

Арсовска од говорницата ги замоли советниците да мислат на граѓаните и да прекинат партиските препукувања, па на вонредната седница која се одржа по 22 часот, тие решија да го поддржат предлогот.