Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работна средба со амбасадорот на Италија во Република Македонија, Карло Ромео.

На средбата градоначалникот Филип Темелковски го информираше амбасадорот Карло Ромео за дел од сработеното од почетокот на неговиот мандат како и за плановите и проектите кои ќе се преземат во иднина за подобрување на секојдневниот живот на жителите. Темелковски зборуваше и за Советот на стопанственици на Кисела Вода кој по негова иницијатива оваа година се формираше со цел да го подобри нивното деловно работење.

Покрај ова се дискутираше за културна и економска соработка помеѓу Амбасадата на Италија и Општина Кисела Вода. Ромео и Темелковски најмногу се задржаа во делот за културната соработка. Дискутираа за можноста за изучување на италијанскиот јазик во основните училишта кои се во надлежност на локалната самоуправа. Градоначалникот Филип Темелковски истакна дека лично нему многу му е допаѓа оваа иницијатива и дека согласно интересот во училиштата истата ќе се реализира. Додека во делот за економска соработка зборуваа за можностите на општината за инвестиции на фирми од Италија.

Ромео нагласи дека реализацијата на проектот за изучување на италијанскиот јазик кој доби поддршка од Владата на Република Македонија целосно е поддржан и финансиран од Министерството за надворешни работи на Италија во соработка со Амбасадата на Италија и Институтот „Данте Алигиери“. Тој додаде дека истиот има за цел да го промовира  италијанскиот јазик и култура во основните училишта во Македонија. Имено од почетокот на октомври учениците од петто одделение во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ започнаа да го изучуваат италијански јазик како изборен предмет.

На состанокот присуствувуваа секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ, Марко Пешетели лектор и одговорно лице за делот култура во Амбасадата на Италија, Радица Никодиновска професор на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и претседател на Здружение на професори по италијански јазик во Република Македонија.

air max 90 essential sale