Градинката „Росица“ приреди вистинско изненадување, на Денот на Општина Ѓорче Петров. Децата изведоа две точки, со кои ја збогатија манифесрацијата.
Се преставија со изведба и промоција на детската химна „Моето Ѓорче“, за чие создавање се заслужни музичкиот педагог на градинката Маја Цацановска, текстописецот воспитувач Јасмина Гачева, аранжерот Сашо Ливрински и студиото Дејан Миленковски. Во изведбата се вклучија две деца кои пораснале во градинката "Росица", а сега се ученици во училиштето Димитар Поп Георгиев Беровски, како и многу дечиња од градинката.
Градоначалникот на општината, Александар Стојкоски го изрази задоволството од нивниот настап на својата Фејсбук страница и сподели видео од изведбата.
-Се надеваме дека химната ќе ја изведуваат многу наредни генерации на деца од нашата општина и дека оваа изведба ќе стане традиционална. Освен химната, негувајки ја класичната музика детскиот оркестар изведе и една полка. Огромна благодарност до Градинката "Росица" и сите вработени кои со нивните подготовки придонесоа да ја збогатат содржината на програмата на Денот на Општината, како и сите дечиња кои учествуваа во овие преубави манифестации и кои заедно беа проследени од сите горди родители и присутни гости во реонскиот парк. - напиша Стојкоски.