Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ решија да делуваат на штета на граѓаните на Скопје

Од град Скопје со реакција за настаните на вчерашната седницата на Советот на град Скопје. 

Од таму реагираат за како што велат „лицемерното однесување“ на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои не гласаа за неколку предлог-одлуки. 

-Со жалење можеме да констатираме дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради тесно партиски и лични интереси решија да делуваат на штета на граѓаните на градот Скопје. На денешната седница на Советот на градот Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изменување на Програмата за одржување на коритото на реката Вардар,нејзините притоки,отворените канали и расчистување на дивите депонии на подрачјето на град Скопје за 2022 година. Со ова тие го стопираа расчистувањето и разубавувањето на кејот на реката Вардар како и сите нејзини притоки, но и проектот за расчистување на дивите депонии во градот Скопје - пишува во соопштението на град Скопје. 

Додаваат и дека истите советници, гласале и за ставање вон-функција на Жичницата на Водно, со тоа што гласале негативно на предлогот ЈСП да може да генерира дополнителен приход преку издавање на рекламен простор на жичницата.

-Со ова, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, го ставија во директна опасност рентабилното функционирање на ЈСП и жичницата. За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција гласаа дискриминаторски по точката за носење на годишните програми на средните училишта, селектирајќи го нивното гласање позитивно само во училиштата каде што раководен кадар се лица кои на ним им одговараат. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш се покажа пред граѓаните. Иако во јавноста постојано повторуваа дека ја поддржуваат програматата „За Модерно Скопје“, токму тие работат во директна спротивност на истата - се вели во реакцијата на град Скопје.