Град Скопје ги поканува граѓаните да бидат дел од едукативната тура „По стапките на ослободителите“

Град Скопје ги поканува граѓаните да бидат дел од едукативната тура „По стапките на ослободителите“ којашто ќе се организира утре и задутре (10 и 11.11.2018 година) по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. На оваа тура граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години.

Едночасовните тури утре и задутре ќе почнуваат во 12 часот пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад објектот на Археолошкиот музеј), а граѓаните ќе се движат пеш низ централното градско подрачје според следната агенда:

– Разгледување на Музејот и дискусија за објектот и идејата за слобода;

– Посета на Споменикот на 9-те стрелани скопјани и дискусија;

Премин преку плоштадот „Македонија“ и појаснување на улогата на плоштадот за денот 13 Ноември

Посета на Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија (некогашната Женска гимназија)

Низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје граѓаните ќе ги води Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“. Едукативните тури, што ќе се одржат утре и задутре, за граѓаните ќе бидат бесплатни.