Јавен повик за распоредување на буџетски средства за финансирање на програми и проекти во областа на спортот

Град Скопје објави јавен повик за за распоредување на буџетски средства за финансирање на програми и проекти во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2019 година.

Спортските активности, програми и манифестации, и финансиските средства за нивна реализација, Градот Скопје ги утврдува со годишна програма со што го одразува својот интерес и потреби во оваа сфера.

Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на спортските вредности и достигнувања во областа на спортот на ниво на град Скопје.