Горивата од полноќ поскапи за 2 денари: Бензинот достигна рекордни 75,5, дизелот 65 денари

Реугулатона комисија за енергетика по точно две недели донесе нова одлука за цените на бензините.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 изнесува 34,534 ден/кг.

air max 90 essential sale