Големината на еден човек не е во тоа каде тој стои во среќните моменти, туку каде е кога неговите пријатели се соочуваат со болка и предизвици

Велат не го бираме своето семејство,  но можеме да ги одбереме нашите пријатели. Притоа, бираме личности со кои споделуваме слични размислувања и вредности, но и личности на кои можеме да се потпреме и да сметаме во животот.

Ова се убави мисли за нашите најдобри пријатели.

Ако сте среќни да имате барем тројца блиски луѓе во животот, вие сте благословени.

Како што старееме учиме дека вистинските хеори во нашите животи најчесто се најблиските луѓе до нас – нашите пријатели. Бидете присутни и ценете ги.

Најдобриот дел од нашите животи се состои од пријателствата.

Големината на еден човек не е  во тоа каде тој стои во среќните моменти, туку каде е кога неговите пријатели се соочуваат со болка и предизвици.

Ако најдете некој кој ве смее, кој ве проверува кога не ви е добро и кој го сака најдоброто за вас, не ја пуштајте таа личност. Чувајте ги блиску до себе и не ги земајте „здраво за готово“. Таквите луѓе тешко се наоѓаат.

Ново правило : Го живееш животот, се справуваш со се што доаѓа и во меѓувреме: стекнуваш пријатели.

Ќе ја сфатиш разликата ако обрнеш внимание на тоа како некоја личност прави да се чувствуваш. Таа личност или ќе ти дава енергија или ќе ти ја одзема. Држи се до оние кои ти даваат енергија.

Сите заслужуваме пријатели кои можат да се радуваат на нашиот успех без да почувствуваат завист и љубомора.

Пријателството не е една голема работа – тоа е милион мали нешта.