Голем пролетен хороскоп: Нова љубов за Јарците, силна самодоверба за Лавовите

Ни дојде пролетта, а со неа и подобро расположение и романса и страст во врските. 

Планетите ни носат убави мигови на сите знаци поединечно, а Венера го диктира ритамот на нашето срце и нашите љубовни ситуации, особено додека е во Бик каде ни носи стабилност и хармонија.

Овен

За Овните, ова е период на создавање особено во финансиска смисла, но и финансиски добивки. Тие ќе уживаат во домот, во убаво приготвената храна, но и во психичка смисла со што ќе ги вреднуваат своите капацитети и ќе најдат смисла на тоа што го прават. Марс, нивниот владетел влегува во Рак на средината на месецот па така фокусот ќе биде насочен на љубовта, но и домот и семејството. Ако неодамна започнавте заеднички живот со некого, ова се денови во кои ќе уживате во хармонијата. 

За некои Овни можно е и купување на нов дом или пак наследство кое доаѓа од семејството.

Бик

Со оглед на тоа дека Венера ќе престојува во Бик пред сè кај Биковите доаѓа до нови љубовни почетоци. За оние Бикови кои веќе се во врска, нивната љубов кон партнерот ќе биде искажана преку убава комуникација и многу квалитетно време поминато заедно. Комуникацијата ќе биде опуштена, романтична и нежна а пред сè работите ќе се одвиваат надвор и во отворен простор. Можни се и кратки патувања, а дополнително поддршката на Марс во Рак од 23 април ја активира нивната куќа на интелектуалното размислување и создавање.

Близнаци

Родените во овој знак можно е да се соочат со тајна љубов, фантазија и инспирација. За некои Близнаци доаѓа до заљубување преку интернет, во тајни допишувања со некоја личност, особено со личност која претходно им била пријател или пак со кого се допишувале но сега љубовта станува сериозна и пожешка. 

Со влегувањето на Марс во знакот Рак тоа ги активира Близнаците во нивната куќа на вредности, подигнување на самодовербата и работата на себе, како и своите несигурности. Доаѓа период на слатки тајни и пораки од кои ќе ви се стопли срцето. 

Рак

Кај Раковите ќе биде активирана куќата на пријатели и доаѓаат промени на ова поле. Можно е зближување со некои личности со кои се оддалечивте поради пандемијата или пак отворање кон оние кои ви значат. За некои Ракови, доаѓа и до контакт со стари љубови и симпатии, но тоа нема да бидат никакви лоши ситуации, туку само убави моменти предизвикани од носталгија. 

Планетата Марс влегува во нивниот знак, а тоа значи дека ќе имате многу енергија додека Венера не го премине својот знак. Советот е да дозволите да бидете водени од емоциите, но и да ги решите оние ситуации каде долго време се соочувате со незадоволство. Лесно ќе ги преминувате сите кризи со кои можеби ќе се соочите се додека сте подготвени да имате конструктивен и искрен разговор. 

Лав

За Лавовите, планетата на љубовта Венера  ја активира нивната куќа на статус, кариера и амбиции па тие одлично ќе се претстават пред другите. Ќе бидете горди на себеси, полни со самодоверба, но и отворени кон нови пријателства и соработки на професионално поле. 

Доколку не сте заљубени, можно е да се заљубите во личност која ве обожава и која нема да ги крие вашите симпатии пред вас. Ако неодамна сте влегле во врска, овие денови се идеални да ја покажете својата сакана личност пред своите пријатели и семејството. Како и да е, вашиот шарм ќе го покажувате насекаде, каде и да се појавите. 

Марс во Рак од 23 април може да ви ги помати сметките со некои стари и незавршени љубовни приказни, но не е време за навраќање кон минатото, туку за нова љубов.

Девица

За Девиците се отвора можност да заборават на работата и малку да помислат на љубовта. Ќе имате топли емоции и ќе посакате да минувате време покрај луѓето кои ви значат, без оглед на тоа дали е тоа саканата личност или пак вашите пријатели. Но, бидете внимателни да не бидете повредени и имајте предвид дека љубовта е посилна од сè на светот. Љубовта ги руши сите тешки мисли, грижи и ѕидови.

Планетата Марс која исто така е важна за вашиот емоционален живот влегува во Рак на 23 април и ви носи нов поглед кон љубовта и промени кои можеби не сте ги очекувале. Ќе станете поотворени, помалку сомничави и со поголема доверба во љубовта.

Вага

Кај Вагите се будат страстите особено оние кои се поврзани со длабоката и несвесната потреба за спојување со некого. Некои Ваги се осамени и слободно, но преминот на Венера во Бик им носи посебна личност во нивниот живот. Ова е страст која ќе ја почувствуваат после подолго време. Важно е да уживате и да се препуштите на животот, а вистинската личност е многу блиску.

Шкорпија

За Шкорпиите се активира куќата на партнерствата што носи промени во емоционална смисла. Ако сте слободни, ќе ја пронајдете својата сродна душа, некој со кого е можно да се видите себеси на долг рок. Покрај поддршката од Венера, ќе ја имате и поддршката од Марс кој на 23 април влегува во знакот Бик и кој ќе ви донесе посилен фокус на една личност која многу ви се допаѓа. 

Зафатените Шкорпии можно е да влезат во посериозни и подлабоки теми за љубовта, да започнат заеднички живот или да добијат понуда за брак. 

Стрелец

Стрелците се подготвени за конкретизирање на нивните планови и финансиска добивка. Ова е период на конкретни чекори кои ќе ви донесат исполнување на соништата. Ќе имате силна енергија да работите на тоа и да тргнете во насока да го остварите тоа што го сакате. 

Можно е некои Стрелци да се активираат и на полето на спортот, некоја промена во исхраната и да се занимаваат со своето здравје. 

Јарци

За Јарците, пролетта носи убаво и лесно чувство, но и промени на полето на љубовта, креативноста и уживањето. Воопшто нема да ви биде здодевно. Ако сте во долга врска, можни се големи промени и проширување на семејството. Слободните Јарци ќе бидат толку активни така што нема да знаат на која страна да се свртат. Доаѓа возбудлива пролет, а температурата е на високо ниво така што ќе ви го стопли срцето. 

Водолија

За Водолиите, љубовта влегува во домот, така што семејството ќе им биде на прво место. Можеби ќе бидете горди на своите деца и нивните успеси, или пак на некој успех на вашиот партнер. Посветете се на домот, семејството, реновирање и чистење на она што веќе не ви е потребно. Погледнете во себе, соочете се со себеси и внесете ја љубовта во домот.

Можеби за некои Водолии овој месец ќе донесе тешки лекции, но важно е да се посветите највеќе на оние кои ви значат. Време е на будење и на љубов и кон себеси.

Риби

За Рибите е секогаш убаво кога Венера го менува својот знак. Влегувањето на Венера во Бик за вас ќе донесе пролетна љубов и нежност. Освен тоа, доаѓа и финансиски успех кој не го очекувате и ќе ве изненади оваа пролет.

Кога Марс ќе го смени својот знак во Рак се менува и вашиот фокус и ќе бидете насочени кон друга личност и нови животни предизвици. Сè е можно за вас, оваа пролет. Убави денови се пред вас.