Голем е бројот на интернет корисници- тоа придонесува до повеќе проблеми и интернет злосторства

Со равојот на технологијата, се поголем е бројот на интернет корисници,што од своја страна пак носи се повеќе и повеќе проблеми и интернет злосторства.

Највеќе загрижува комјутерскиот криминал,сајбер тероризмот,интернет детската порнографија, но и опасните онлајн игри како смртоносната „Син кит“, преку која на децата им се задаваат различни предизвици, меѓу кои и да се самоповредуваат, дури и да извршат самоубиство. Играта која потекнува од Русија и се поврзува со смртта на 130 руски тинејџери,се прошири во Европа,а неколку случаи се забележани во Србија и Хрватска. Сето ова вели министерката за информатичко општество,ја неметнува потребата од воведување на законска регулатива.

- Не постои еден закон и еден устав тоа е во повеќе закони, меѓутоа постои потреба многу работи да се регулираат затоа што ова што ние сега работиме живееме и се однесуваме во реалниот свет, во виртулениот, интернет свет исто така треба да се обезбеди некаква регулација заради тоа што истите работи ги правиме -изјава Марта Арсовска Томовска-миистер  за информатичко општество.

Во Македонија која е земја лидер во регионот во однос на интернет пристап, со над еден милион интернет корисници, во голем број закони има одредби кои што упатуваат за некакво однесување на интернет. Меѓутоа како и во секоја земја каде што се повеќе и повеќе напреднува користењето и прифаќањето на технологиите, така се зголемува потребата од воведување на дополнителна регулира за управување со интернетот.