Главниот јавен обвинител определил екстрадициски притвор за Палевски

Министерството за правда информираше дека главниот јавен обвинител од Баликесир определил 40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испратила допис до Министерството за правда во кој информира дека доставува добиена Нота од МНР на Република Турција.

„Како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Турција брзо ќе го врати Палчо во Македонија само ако домашните правосудни органи на колегите им испратат цврсти докази дека тој убил две лица, во спротивно, Палевски можеби и никогаш нема да го стигне правдата кај нас. Освен исказите на осомничената банда која го посочува како убиец, Турците очекуваат и материјални докази односно резултатите од обдукцијата и причината за смрт.