Ѓукиќ: Македонците живеат во ракометна бајка

Селекторот на црногорската ракометна репрезентација Драган Ѓукиќ, покажа голем респрект кон Македонија, но и очекува неговите избраници својата најдобра партија на претстојното Европско првенство да ја одиграат против избраниците на селектрот Раул Гонзалез на 15 јануари.

Црногорските медиуми прогнозираат дека дуелот меѓу Македонија и Црна Гора ќе биде решавачки за третото место во групата кое води во следната фаза на шампионатот.

-И да ги добиеме Германците ништо не ни значи, бидејќи со пораз од Македонија би биле елиминирани. Тоа е пресметката со директниот ривал на која најмногу ќе се фокусираме. Македонија има поголем рејтинг од Црна Гора, но ќе мора тоа да го потврди, Не победува секогаш подобриот. Македонците живеат во ракометна бајка, го имаат европскиот клупски првак, извонреден селектор, но и ние ќе имаме што да покажеме– изјави Ѓукиќ.