Ѓорче,Тафталиџе, Козле или Лисиче...Размислете двапати пред да купите стан

Во Скопје речиси во секое маало никнува нова високо катница, во Ѓорче Петров никнува комплетно нова огромна „ЕКО населба“ во Тафталиџе се гради на големо, а турска инвестиција најави нова населба во Центар со повеќе илјади станови. Слично се случува и во останатите општини во Скопје кои одеднаш се преплавени со илјадници илјадници нови станови.

Средната големина на становите, бројот на собите, атрактивноста на локациите за градење, вредноста на станбениот квадрат и предностите на населбата во која се наоѓа станот се некои од најзначајните податоци кои можат да ви помогнат при купувањето на нов дом од соништата во македонската метропола.

Цената на становите во новоградба во просек се движат од 900 во Ѓорче Петров и Лисиче а околу 1200 во Центар делови од Тафталиџе и секако Козле.

Барајте зградите да бидат што помали, по можност од неколку станови. Тие се вистинска реткост во Скопје. Помалку комшии, мирна глава, решено паркирање. Навистина е голема предност да живеете во ваква зграда.

Проверете од какви материјали градат. Не верувајте само на рекламите од мегаломанските компании, уверете се на само место и бидете сигурни дека ќе го добиете тоа што го плаќате затоа што не секогаш ја има вистината во рекламите.

Барајте енергетски ефикасни објекти и заштедете енергија.

Изберете населба по свој вкус, но внимавајте на цената, секако неможе иста цена во зграда со 7 и со 400 станови, каде има можност да се населат различни граѓани па и со сограѓани од соседството чиј јазик не го разбирате, таму мора да има голем ценовен пад, пазарете се. Исто така не е исто зградата да биде готова за 3 месеца или за една година, 9 месеца опортунитетен трошок за кирија мора да биде пресметан во рабат.

Избегнувајте згради со многу катови и лифтови, којзнае кога ќе се населат и што ќе се случи ако се расипе лифтот или пумпите за вода (можеби ќе треба сами да ги поправате).

Никако не наседнувајте во муабетот уште еден стан ни е останат, посебно во огромните згради, сигурно не се ниту близу до распродажба, секако проверете имаат готови згради во кои со години зјаат празни и непродадени станови.