Ѓорчепетровци со протести и блокади ќе ја бранат населбата од дивоградби

Жителите на Ѓорче Петров најавија мирен протест за 5 мај, од 12 до 16 часот, на улицата Радушка, за нејзина одбрана од масовното градење. 

Од граѓанското неформално здружение „Иницијатива против урбаното дивеење“ сметаат дека оваа улица може да се нарече и „Дивоградба“, со оглед на тоа колку се гради околу истата. 

Тие најавуваат дека протестите ќе траат додека не наидат на слух од надлежните и да се спречи ваквото градење на територија на општината.