Ѓорче Петров ќе го одбележи празникот Василица со василичарски оган

Иницијативниот одбор за организација на Василичарскиот оган во Општина Ѓорче Петров и оваа година традиционално го организира настанот во знак на чествување на христијанскиот и православен празник Василица.

Настанот ќе се одржи во населба Даме Груев веднаш до месната заедница на ден 13.01.2023 (петок) во 18 часот.

- Општина Ѓорче Петров, како и секогаш кога станува збор за овие традиционални денови кои ги одбележуваме, ќе биде покровител и на овој настан. Во рамки на нашите можности ќе помогнеме во организацијата на Василичарскиот оган и ќе продолжиме и натаму со поддршка на овие настани. За таа цел, ги поканувам сите ѓорчепетровци да присуствуваат на овој убав настан и заеднички да ја прославиме Василица. Нека е за многу години, напиша градоначалникот Александар Стојкоски.