Ѓоковиќ ќе игра за Македонија

Фудбалерот на Ајачио Дамјан Ѓоковиќ од идниот квалификациски циклус ќе игра во дресот на Македонија.

Пред неколку денови, поточно на денот кога се играше мечот со Иран, Ѓоковиќ беше на преговори во ФФМ кои завршија успешно, и самиот тој прифати да игра за Македонија. Сега е во тек издавање на документи, на пасош со кој Ѓоковиќ непречено ќе може да го облече македонскиот дрес, и да биде во комбинација уште на дуелот со Албанија.

Ѓоковиќ е роден 1990 година во Загреб, а во текот на кариерата има настапувано во Словачка во Спартак Трнава, потоа во словенечка Горица, па се сели во Италија каде што игра за Монца, Чезена и Болоња, а една сезона мина и во романскиот Клуж, пред да се врати на „Чизмата“ во дресот на Ливорно. Од 2015 година е дел од Ајачио.