Герасимовски го најави проектот „Цел Центар на точак“

Утре започнува проектот „Цел Центар на точак“. Субвенционираме велосипеди, електрични велосипеди и електрични тротинети, најави градоначалникот Горан Герасимовски.

„Ајде на точак, за заштита на животната средина и помал метеж во сообраќајот. Придружете ни се!“, порача тој.

За да аплицирате, пополнете барање и приложете фискална сметка со сметкопотврда или фактура, копија од лична карта, трансакциска сметка во Архивата на општината или барака бр. 6 или за повеќе информации јавете се на 3203-600. 

„Биди фраер качи се на точак или вози тротинет“, е пораката на општината до Центарци.